Двоцифрен број новозаразени, тројца починати – Ова е денешниот Ковид биланс
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 54, Битола – 23, Штип – 6, Тетово, Велес, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (99), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани сe 148 оздравени пациенти од: Скопје – 80, Битола – 26, Велес и Гостивар – по 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Охрид и Гевгелија – по 3, Куманово, Кочани, Струга и Неготино – по 2, Струмица, Ресен, Делчево, Виница и Пробиштип – 1.
Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 3 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71г и 88г) и едно починато лице од Прилеп (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 2 починати лица од Радовиш (88г) и Кичево (55г). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 23.03 до 30.03.2022.
Направени се 4.284 тестови преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-55, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–52, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-87, Биотек-110, Систина-105, лабораторија Лаор-28, Синлаб-8, Ремедика-7, Плодност-8, Генеа-87, Никоб Лаб-348, ВФВ Медикал-18, Ели Медика Плус-54, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-21, Рапид Лаб–68, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–23, Рамус-40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.928.
Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…
Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…
Во текот на месец јули, пријавени се…