Објавено на:

Двојни аршини: Фејсбук и Инстаграм нема да ги санкционираат повиците за смрт на Русите, Путин и Лукашенко?

t

Раша тудеј сподели информација за новите политики на Мета платформите, поточно за Фејсбук и Инстаграм, поврзани со говорот на омраза.

Овие платформи ги блокираат и бришат објавите кои се сметаат за поддршка на специјалната воена операција на Русија во Украина, но Раша тудеј објавува дека спротивно на ова платформите нема да ги санкционираат повиците за насилство врз Русите, Путин и Лукашенко.

Еве што пишува РТ:

“Фејсбук и Инстаграм ќе дозволат објавувања во кои се повикува на „насилство врз Русите и смрт на Путин“ (Ексклузив на Ројтерс)

Мета платформите, наводно, планираат да им дозволат на корисниците во некои земји да повикуваат на насилство врз руските граѓани и на смртта на претседателот Путин – како очигледна привремена промена на нејзината политика за говор на омраза.

На корисниците, исто така, наводно ќе им биде дозволено привремено да повикуваат на смртта на белорускиот претседател Лукашенко во голем број европски земји, според внатрешните мејлови што ги видел Ројтерс.

Во мејловите се вели дека повиците за насилство врз Русите се дозволени кога се зборува конкретно за специјалната операција на земјата во Украина, бидејќи таа се користела како застапник за руската војска.” – вели рускиот медиум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…

Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…

Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…