Двојно помалку починати од Ковид од претходната недела
Минатата недела е забележано намалување од 45,6 проценти на починати лица од коронавирус во споредба со неделата претходно, односно биле евидентирани 68 смртни случаи во 19 градови во земјава, покажува неделниот извештај на Инстутутот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 21 до 27 февруари годинава.
За овој период регистрирано е и намалување на позитивни случаи во однос на претходната недела за 39,5 проценти или биле евидентирани 3.702 новозаболени со ковид-19. Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци, Скопје и Гевгелија. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции, од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2% во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата до 9 години. Во однос на претходната недела, се бележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 43,6% кај чицата од 10-19 години и 43,5% од 50-59 години.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 337 лица (23,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 255 се на кислородна поддршка (14,1% помалку во споредба со претходна недела), а 9 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (18,2% помалку во споредба со претходна недела).
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 6.094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.
Од појавата на пандемијата до денес, коронавирус во земјава прележале 297.262 лица. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово и Кавадарци, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци. Највисок морталитет во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Највисок леталитет во Струга, Крива Паланка и Дебар.
Регистрирано е намалување на инциденцата во последните три недели во скоро сите градови, со најголемо намалување во Македонска Каменица. Зголемување се забележува во Дебар, Виница и Демир Хисар.
Досега имало 10.474 реинфекции, од кои кај 27 лица тоа биле реинфекции по втор пат. Од појавата на болеста вкупно починале 9.010 лица.
Од коморбидитетите на прво место се кардиоваскуларни болести, дијабет и белодробни заболувања. Од реинфекциите, 17 завршиле со смрт. Регистрирани се 9 смртни случаи кај бремени жени и 37 смртни случаи кај здравствени работници.
Македонија сè уште е во фаза на широка трансмисија, подниво 3, со соодветни капацитети за одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…
Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…
Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта
По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…