ДВОЈНО УБИСТВО ПА САМОУБИСТВО ВО ВЕЛЕС: Жртвата неколку пати го пријавувала насилникот, никој не реагирал?!

t

Двојно убиство па самоубиство се случило попладнево во Велес, неофицијално дознава Инфомакс.

Според информациите од терен, две лица се убиени од страна на невенчан сопруг на една од жртвите, по што и самиот се самоубил.

Според досега непотврдени информации жртвата неколку пати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а исто така имало и случај со палење на возилото на жртвата.

Дополнително, жртвата била претходно претепана во нејзиниот дом заедно со нејзиниот дечко, од страна на поранешниот невенчан сопруг. Според извори од Велес, жртвата при пријавување на случаите им нагласила на полицајците во Велес дека не прават ништо и дека насилникот може да ја убие.

Од СВР Велес најавија информации за настанот во текот на денешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДВОЈНО УБИСТВО ПА САМОУБИСТВО ВО ВЕЛЕС: Жртвата…

Двојно убиство па самоубиство се случило попладнево…

МВР јавно ќе уништува запленети наркотични дроги…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Тошковски: Преземаме соодветни активности за мирни локални…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес…

Претрес во Скопје, пронајдени пиштол и куршуми…

На 05.09.2025 во 17:30 часот во Скопје,…