Девет пожари до 14 часот – ЦУК апелиеа граѓаните да се придржуваат до мерките од надлежните поради високите температури
Имајќи го предвид најавеното зголемување на температурите кои според УХМР ќе достигнат и над 40°C апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и насоките дадени од надлежните институции за одговорно однесување на отворен простор, апелираат од Центарот за управување со кризи.
– Воедно, уште еднаш упатуваме силен апел до граѓаните за внимателност затоа што и мало невнимание може да предизвика пожар од големи размери, а доколку забележат сомнително однесување од одредени лица или видат чад или оган на отворено веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број во ЦУК – 112, велат од ЦУК.
Состојба со пожари – 21.07.2025 до 14:00 часот
До 14:00 часот се евидентирани вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои:
6 се активни
2 се под контрола
1 е изгаснат
Активни пожари:
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ, с. Смолани и с. Радобил, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Ресен – с. Волкодери кон место викано Сирхан (трски и сува трева)
6. Општина Желино – с. Церово (нискостеблеста деградирана шума)
Под контрола:
1. Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)
2. Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Изгаснати:
1. Општина Желино – с. Групчин (мешана шума)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет пожари до 14 часот – ЦУК…
Имајќи го предвид најавеното зголемување на температурите…
ЦУК: Поради ветер на повеќе локации од…
Центарот за управување со кризи инфомира дека…
До 20.30 часот имало вкупно 24 пожари,…
На ден 13.07.2025 година, до 20:30 часот,…
Осум активни пожари до 18.30 часот!
Извештај на Центарот за управување со кризи…
ЦУК: Активни пожари кај Дојран, Гази Баба,…
На ден 13.07.2025 година, до 12:15 часот,…