Девојчиња од Тетово се напиле во 10 наутро па се онесвестиле на базен
Две малолетни девојчиња од Тетово завршиле во болница откако наводно купиле алкохолни пијалаци од вработена во продавница во градот, па се напиле на базен, соопшти СВР Тетово.
Ова се случило вчера во 10 часот претпладне, а полицијата била известена во 18 часот од Џ.Н. (54) од Тетово, татко на едно од девојчињата. Според пријавата, неговата малолетна ќерка купила две шишиња алкохол од трафика и заедно со нејзините другарки заминале на базен. Таму, по консумирање на пијалакот, двете изгубиле свест и биле итно пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана медицинска помош.
Случајот е пријавен како кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на малолетни лица“ по член 204 од Кривичниот законик. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојчиња од Тетово се напиле во 10…
Две малолетни девојчиња од Тетово завршиле во…
Пронајдени пиштол и куршуми во Тетово
Претрес во Тетово, пронајдени пиштол и куршуми…
Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор…
Попладнево од 16:30 часот во Тетово се…
Хорор во Тетово: Двајца тинејџери извршиле обљуба…
Двајца тинејџери од Тетово биле приведени поради…
Пронајдени починати двајца мажи во тетовско
Двајца мажи на возраст од 42 и…