Деклариран Македонец натепал деклариран Бугарин во Охајо, САД во 1915 година: Груевски сподели интересен инцидент од инатото!
Поранешниот премиер Никола Груевски продолжува со серијалот текстови кои ја потврдуваат самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ. Груевски денеска на Фејсбук сподели објава на ОМО Илинден Пирин во врска со инцидент во Охајо, 1915 година кога Македонец натепал Бугарин.
Во продолжение објавата на Груевски на Фејсбук.
– Деклариран Македонец натепал деклариран Бугарин во Менсфилд, Охајо, САД во 1915 година. Во расчистувањето на случајот се бара преведувач по македонски јазик, како и по бугарски јазик.
Дали нашите предци од Македонија се чувствувале Македонци или Бугари и каков јазик говореле во секојдневниот живот често го гледаме и анализираме низ оставените архиви, книги, статии, спомени, изјави и записи на познати македонски дејци, војводи, револуционери, идеолози и познати интелектуалци од тоа време, или кратко кажано од елитата на една нација.
Дополнителна забуна создава што во Македонија во тие дамнешни времиња немало, односно била забранета македонска црква, па луѓето на кои во тоа време црквата им била важен дел од секојдневниот живот и од образованието биле принудени да одат во други цркви и изборот бил главно бугарска и грчка црква. Па така луѓето се произнесувале што се според тоа во која црква оделе, а не што се чувствуваат национално, односно пропагандата им го наложувала тоа. Црковна а не етничка припадност.
Во контекст на барањето на Бугарија да прифатиме дека до 1944 година не постоеле етнички Македонци со македонско самочувство, ниту македонски јазик, туку само Бугари и бугарски јазик понекогаш е добро да го видиме и низ призмата на обичниот човек. Заради тешкиот живот и сиромаштијата во тоа време, најчесто барем еден од семејството одел на печалба па тој потоа финасиски ги помагал и другите од семејството во Македонија. Така Ѓорѓи Постол, обичен човек од Македонија, се нашол во Менсфилд, Охајо, Америка, незнаејќи дека и таму еден ден ќе наиде на слични предизвици како во Македонија.
Неодамна ОМО Илинден Пирин објави еден не секојдневен текст кој го превзеле од Macedonia : a True Endless Story…
Тоа е извадок од архивите на американскиот весник News-Jurnal од 20 фебруари 1915 година со наслов БИЗАРНА ТЕПАЧКА МЕЃУ МАКЕДОНЕЦ И БУГАРИН ВО 1915г. ИЗНЕСЕНА ПРЕД СУДОВИТЕ И МЕДИУМИТЕ ВО САД, КАКО НЕПОБИТЕН ДОКАЗ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК!
Настанот е речиси 30 години пред создавањето на македонска државност на првото заседание на АСНОМ на 2 втори август 1944. Ѓорѓи Постол не можел да знае што ќе се случува во иднина ама знаел што е по националност и како се вика неговиот јазик. И американските власти немале проблем со тоа и нашле официјален македонски преведувач.
Еве што стои во натписот на ОМО Илинден Пирин, а оргиналот е на фотографијата од весникот подолу.
***.
Американскиот весник (News-Journal) на 20. февруари 1915 година објавил вест дека за потребите на Судот во градот Мансфилд, Охајо, САД, бил најмен официјален преведувач за македонски јазик.
Пред Судот биле изведени Постол Ѓорѓи (Postal George), идентификуван како Македонец по националност, и Тони Петар (Tony Peter), Бугарин по националност. Причината била тепачка меѓу нив.
Весникот известува дека според еден сведок, Романец по националност, Македонецот почнал да го тепа Бугарот во центарот на Мансфилд и потенцира дека тепачката се случила пред голем број луѓе од разни националности – Грци, Ирци, Унгарци, Германци, Кинези, и други.
Судот отпрвин најмил некој Србин да преведува во текот на процесот, за кого вели дека знаел и македонски и бугарски. Во процесот учествувале вкупно тројца преведувачи. Според преведeните искази, Македонецот го нападнал Бугарот поради тоа што вториот напишал нешто против него во некој бугарски весник.
Меѓутоа, судот не бил задоволен од преводот и од барем еден од сведоците бидејќи сметал дека настапиле со предрасуди спрема едната или другата странка.
Поголем доказ за самобитноста на македонскиот идентитет и јазик, различен од бугарскиот – ЗДРАВЈЕ!
Следејќи ја бугарската историографија и логика, се поставува прашањето дали младиот Тито (тогаш имал 23 г.) бил толку моќен да влијае на американските судови и медиуми да мораат да “измислуваат” Македонци?
*Превземено од Macedonia : a True Endless Story …
(Подолу фотографија од статијата во весникот и две фотографии од секојдневниот живот на Менсфилд во 1915 година
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…