Дел од администрацијата трпи притисоци, УПОЗ бара од опозицијата да не се „лепи“ на протестите
Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски побара од сегашната опозиција да не се „лепи“ на протестите и штрајкот на дел од јавната администрација поради ниските примања. Вели дека „имаа седум години“ да го решат проблемот, но, „направија се што можат да го забранат колективното договарање, па дури беа и првата Влада која поништи колективен договор“.
Деаноски упати и порака до актуелната Влада која рече дека штрајкот бил политички мотивиран.
-Синдикатот на УПОЗ само во 2022, 2023 и 2024 година има организирано три штрајка и најмалку 20 протести. Барањата остануваат исти и апелираме до Владата и ресорните министерства што поскоро да започнеме преговори и да најдеме заедничко прифатливо решение, кажа тој на вториот ден од протестите и додаде дека дел од вработените во некои министерства имале притисоци за да не излезат да протестираат, но засега не сакаше да открие во кои ресори се случува такво нешто.
Од пред зградата на Министерството за култура, на прашањето дали е реално барањето за 30% поголем износ на платите, Деаноски вели дека во неколку министерства и институции веќе имаат потпишано колективни договори со ова барање.
-Ова не е штрајк, ова е протест по половина час. Доколку сакавме да нанесеме штета, немаше да направиме протест, туку ќе организиравме штрајк, констатира првиот човек на УПОЗ.
Од Владата се сомневаат дека администрацијата излегла на протест од политички побуди. Велат, подготвени се да ги прифатат предлозите.
-Владата е отворена за секаков вид предлози и сугестии. Има бројни механизми преку кои можат да се отворат овие прашања. Интересно е тоа што изминатите години овој синдикат молчеше за ова прашање, па отворено се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина, рече вчера Митева Митева, портпарол на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од администрацијата трпи притисоци, УПОЗ бара…
Претседателот на Синдикатот на работниците од управата,…
Николовски: Мојот мандат заврши кристално чисто, не…
за 0,3% Македонија15/01/2025 11:03 Четврти пат одложено…
СЗО: Осум лица починаа во појава на…
Осум лица починаа од епидемија предизвикана од…
СДСМ: „Кошничките“ на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашување
Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ…
Taжна вест: Исчезнатата Лидија е жената која…
24инфо.мк дознава дека жената која пред неколку…