Дел од осомничените полицајци за Пулс го тужеа и добија МВР на суд
Дел од осомничените полицајци за Пулс, против кои ОЈО ГОКК водеше истрага и излезе со обвинение, го тужеле Министерството за внатрешни работи затоа што по отворањето на истрагата, не ги суспендирало, туку им го ставило во мирување работниот однос, со што им предизвикало штета ставајќи ги во ситуација во која не добивале плати, ниту придонеси – здравствено и пензиско осигурување во услови кога сеуште немало поднесено обвинение ниту правосилна пресуда.
„Од страна на седумнаесет (17) лица на кои им мирува работниот однос поради определени мерки на претпазливост поврзани со „Пулс“-Кочани, заведени се судски постапки за поништување на решенија со кои им мирува работниот однос. Во овие судски предмети донесени се единаесет (11) пресуди со кои се усвоени тужбените барања и сите предмети се во постапка по жалба пред Апелационен суд Штип, односно постапките не се правосилно завршени“, велат од МВР за телевизија Телма.
МВР во одговорот до Телма објаснува дека одлуката за мирување на работниот однос била донесена затоа што за полицајците имало изречени мерки на претпазливост меѓу кои и забрана за вршење на работна задача-полициски службеник. Но, наместо да бидат суспендирани, како што беше праксата согласно законите и колективниот договор, МВР им го ставило работниот однос во мирување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од осомничените полицајци за Пулс го…
Дел од осомничените полицајци за Пулс, против…
Рубио оди во Минхен по алармот за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува…
Балканот повторно се тресе? Синоќешниот земјотрес отвори…
По подолг период на релативен сеизмички мир,…
ССМ утре ја блокира Стопанската комора!
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави…
Бубевски се закани со тужба за клевета:…
Јавниот обвинител Гаврил Бубевски тврди дека бил…