Демант од група загрижени родители – го пишуваме ова писмо како демант на исказите на директорката на ,,ОУ Браќа Миладонвци”
Почитувани,
Ние, група загрижени родители го пишуваме ова писмо како демант на исказите на директорката на ,,ОУ Браќа Миладонвци”. Огорчени и изненадени сме на нејзиниот исказ. Како возрасни знаеме дека вистината има неколку лица, но кога се работи за децата таа е само една! Нашето писмо ја разбранува целата јавност. Тоа му беше целта! Многу родители го поминале ова што ние сега го поминуваме, некои поминале и многу пострашни ситуации и на сите тие родители рацете им биле врзани поради системот. Мора да се сменат некои работи во корист на иднината на Македонија, а иднината ни се децата!
Во нашиот случај проблемот не е од вчера. Проблемот со ученикот го имаа и наставничките. Од тоа време децата кои највеќе се дружеа со него беа тепани. Мерките на педагошката служба беа превземани и превземани без престан. Советувања професионални и мајчински. Секоја честа за службата! Раката од родителите и од децата беше подавана еден тон пати. Се размислуваше за тоа дете да му се помогне од секого во тоа училиште. Денеска ситуацијата ескалира, нож, давено дете, тепани уште деца, нападнат наставник кој сакал да ја смири ситуацијата. И по овој настан , јавоста мора да знае дека на родителот му понудивме решенија. Го молевме да му помогне на син му. Некој не не сфати сериозно! Се работи за БЕЗБЕДНОСТА на наште деца, а се РАБОТИ И ЗА БEЗБЕДНОСТА НА ТВОЕТО ДЕТЕ ДРАГ РОДИТЕЛУ! Ова дете покрај тоа што напаѓа дури и ако му стоиш на пат, го ремети образовниот процес со неговите влегувања – излегувања, гласни муабети, пуштања на музика за време на час. Верувајте, нам ни е жал за тоа што му се случува во неговата душа. Но, ова едноставно повеќе не може и не смее да оди понатаму! Невистината која ја кажа директорката дека тепаните деца се оние деца кои задеваат, му одмага на детето деликвент, и им ја загрозува безбедноста на нашите деца! Тепаните деца денес, не се исти со тепаните деца од вчера и годините наназад. Но тие имаат едно нешто исто, а тоа е искреното другарство што го имаа со ова дете. Да, сите деца се дружеа со него, му купуваа чоколади и сокови, го сакаа и почитуваа.
Првото писмо требаше да ни помогне институциите да ги забрзаат работите. После последниот инцидент, директорката кажа дека секаде се известени (МВР, МОН, Просветен Инспекторат, Социјални служби и Општина Аеродром) и дека сите велат законот не ни дозволува ништо да направиме доколку родителот не превземе одговорност и не го направи чекорот за тргање на детето од училиште. Молбите кон родителот и советите беа повеќе од пријателски. Така настапивме и со директорката, седевме и изнаоѓавме добри решенија за сите. Едно од идеите беше и свикување на медиуми, на што ТАА се согласи и дека ќе помогне со изнесување на документацијата од службата, која е доста обемна. Но, не разочара! Прво со тоа што ги оцрни наште деца дека се задевачи, и сега според нејзината изјава тие го предизвикале настанот. А тоа се случува за време на час, напад од грб. ДА, и ова ќе го кажеме на оние кои што велат дека ова е само детска тепачка и дали ние на децата и понатаму во животот ќе им го чистиме патот. Одговорот за Вас е следниот – Ние воспитуваме деца кои не сакаат тепања, задевања и неубави зборови!!! Децата ги учиме да се сноѓаат во животот бидејќи молчењето и манипулирањето на возрасните им создаде на ваквите деца свет кој паѓа како кула од карти. Ама Господ очите им ги ставил напред, па тие така ќе се бранат во животот. А за нападите од зад грб, какви што се, само едно ќе кажеме – Господ да ни ги чува! Со изјавата на директорката, денес по социјалните мрежи се нападнати наставниот кадар и педагошката служба. Во очите на јавноста овие луѓе испаднаа непрофесионални, а тоа НЕ СЕ! Тие си ја завршија работата крајно професионално, чувствувајќи ги сите деца како свои деца, се бореа со години за нив и таа борба уште продолжува! Јавноста ова мора да го знае!
Нашето писмо ја разбранува јавноста. По социјалните мрежи се јавуваат родители кои се загрижени од немилиот настан во Србија. Сега отвараме уста сите, за булингот, за нефункционалноста на училишните установи да бидат безбедно место за едукација на нашите деца, за нефункционалните закони. Кога тргнавме треба да продолжиме! Како оштетени родители можеби сме пропуштиле некоја пријава, што од незнање на законите, што од манипулацијата која ни се спроведе, а од писмото ќе сфатите од кого. Од друга страна, оние што ги знаат законите тие исти закони и ним им ги врзуваат рацете. Ова писмо треба да стигне до ушите на претседателот на Р. Македонија. Законите мора да се менуваат! Повеќе не ни е битно дали е некој позиција, опозиција, коалиција, мала – голема партија, поднесувајте амандмани за промена на законите! Помогнете им на децата кои заглавиле во тунелот, како што е нашиот соученик. Но, помогнете им и на децата кои во училиште и во училница треба да бидат безбедни и да имаат образовен континуитет.
Со надеж дека ова не е само уште една бура која ќе се смири и заборави, очекуваме промените во образованието да почнат и да им направиме еден поубав реален свет на наште деца. Бидејќи тоа го заслужуваат !!!
Со почит
Група Загрижени родители
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…