Демири: Директорите на кардиохирургија и токсикологија се разрешени поради пропусти во работата
Министерот за здравство д-р Илир Демири во однос на ставот на Државната комисија за спречување корупција за разрешувањата на медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија и на Клиниката за токсикологија информира дека тие биле поради пропусти во нивната работа.
„Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативни, во Република Северна Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци. Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај. Претходниот медицински директор од Клиниката за токсикологија и еден од лекарите беа разрешени поради несовесно работење во целиот изминат период. Клиниката имала согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, но не постапил. Неколку месеци овие лица оделе на работа, а не земале плата за својот труд. Ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа за што истите доставија писмо со изјави за секојдневните навредувања од страна на директорот и од лекарот. И за овој случај чекаме јавното обвинителство да постапи. Би сакал да ја информирам Државната комисија за спречување корупција дека обврска на министер е безбедноста на пациентите и безбедноста на сите вработени во јавното здравство”, рече Демири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демири: Директорите на кардиохирургија и токсикологија се…
Министерот за здравство д-р Илир Демири во…
Антикорупциска: Демири незаконски ги разрешил директорите на…
Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се…
Ако излезе ѓубрето наталожено по другите Клиники,…
Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија…
Стручниот колегиум на Кардиохирургија остро реагира на…
Стручниот колегиум од Државната кардиохирургија денеска во…
(Фото) Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази…
Скандалозно известување осамна на Клиниката за Токсикологија…