Демократски сојуз ја опоменува Бугарија: Да дозволи регистрирање на здруженија на Македонците!
Демократскиот сојуз ја поздравува последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) со која од Бугарија се бара да ја отфрли праксата за нерегистрирање здруженија на Македонците. Притоа, Комитетот на министри, кој е највиското извршно тело на СЕ, ја потсетува Бугарија дека повеќе од 16 години не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кои се во корист на македонските здруженија, чија регистрација упорно се одбива од бугарска страна.
Демократскиот сојуз со месеци наназад инсистира на реципроцитет во однос на бугарските барања за вметнување на нивното малцинство во македонскиот Устав, односно Бугарија да дозволи отворање македонски клубови и да не го негира постоењето македонско малцинство во нејзините граници.
Ваквите заложби на ДС сега добиваат на тежина со последната одлука на Комитетот на министри на СЕ со која на Бугарија ѝ се дава рок до септември 2023 година, да ги спроведе пресудите на Судот во Стразбур и да дозволи регистрација на здруженијата на Македонците.
Владата на Република Македонија, мора ова прашање да го постави и пред Советот на Европската Унија, при што Советот на ЕУ да донесе соодвени заклучоци, со кои ќе ја задолжи Бугарија, да дозволи Македонците да можат да формираат зфруженија културни организации и политички партии.
Истовремено, ДС бара од македонската Влада, а посебно од Министерството за надворешни работи, да заземе поофанзивна политика кон Бугарија, бидејќи почитувањата на правата на Македонците, по последната одлука на Комитетот на министри на СЕ, не е веќе само билатерално прашање меѓу две држави, туку против бугарското непочитување на основните човекови права застана најстарата европска организација.
Признавањето на Македонското малцинство во Бугарија во голема мера ќе ги подобри односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и меѓудржавните односи.ж, велат од Демократски сојуз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…