Денеска во Москва е најтоплиот 20-ти април во историјата
Денешниот ден во Москва е најтоплиот 20 април во историјата, со температура од 24,4 степени Целзиусови, што го собори рекордот од 1995 година, соопшти специјалистот на метеоролошкиот центар „Фобос“, Михаил Леус.
– Москва го постави својот трет последователен, а четврти априлски температурен рекорд. Според податоците од градската базна метеоролошка станица VDNKh, до пладне воздухот достигна 24,4 степени, што е речиси половина степен повисок од претходниот рекорд од 1995 година, соопшти Леус на Телеграм.
Тој додаде дека Можајск, Коломна, Калуга, Тула и Рјазан исто така поставиле нови температурни рекорди за денеска.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва удри по укранските одбранбени објекти –…
Руската војска изврши серија напади врз украински…
(ВИДЕО) Зеленски: Русите се уште напаѓаат, а…
Украинскиот претседател – Володимир Зеленски и се…
Вучиќ од Москва: Благодарност до Црвената армија…
По многу години, повторно во Москва. „Горд…
(Видео) Вучиќ слета во Москва
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес пристигна во…
И Вулин ќе оди во Москва на…
На покана на највисокото раководство на Руската…