ДЕНЕСКА Е СВ. АПОСТОЛ ФИЛИП ЃАКОН: Со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците

t

Денеска е 11 октомври според стар стил и се слави Св. апостол Филип ѓакон. Апостол од Седумдесетте. Родум од Кесарија Палестинска.

Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите.

Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, светиот апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн.

Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Свети Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа, Ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, каде што оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Лидија каде што крсти многумина.

Се упокои мирно во длабока старост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕНЕСКА Е СВ. АПОСТОЛ ФИЛИП ЃАКОН: Со…

Денеска е 11 октомври според стар стил…

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска се слави Св.…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…

(Фото) Златна книга се мајтапи: Мислиш дека…

Златна книга се мајтапи на социјалните мрежи:…

Калајџиев: Комисијата за помилување дава само мислење,…

Претседателката Давкова вчера помилува 10 затвореници меѓу…

Апасиев: Се збори низ фелава дека ТАРИФАТА…

Пишува Димитар Апасиев на социјалните мрежи: Се…