Денеска е Св. маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Афтониј, Елпифидор
Сите овие пострадаа во Персија, за време на гонењето од страна на богоборниот цар Сапор, во четвртиот век. Прво Сапор дозна дека Акиндин, Пигасиј и Анемподист, кои беа слуги на неговиот двор, се христијани и ги стави на маки. Додека ги мачеше, се пројави Божјата сила врз овие тројца, зашто во сите измачувања остануваа неповредени.
Чудото го потресе Афтониј, еден од џелатите, па поверува во Христа, за што беше погубен. Еден дворски великодостојник Елпифидор, инаку таен христијанин, го прекори царот што измачува невини луѓе, па и тој беше погубен, заедно со уште 7000 други христијани
Најпосле, џелатите ги убија и светите Акиндин, Пигасиј и Анемподист и уште некои војници, а и мајката на царот, зашто и тие веруваа во воскреснатиот Христос.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трoјца уапсени под сомнение за планирање „насилна…
Вишото јавно обвинителство во Белград на 25…
ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави…
МНР во комуникација со семејството на момчето…
Министерството за надворешни работи информира дека до…
(Видео) Резил: Руте го нарече Трамп „тато“
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…
Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП…
Дводневниот самит во Хаг го покажаа вистинското…