ДЕНЕСКА Е СВ. МАЧЕНИЦИ ГАЛАКТИОН И ЕПИСТИМА: Свршеници беа, но наместо во брак се договорија и заедно се замонашија
Денеска е 5 ноември, според стар стил, и се слават Препособни маченици Галактион и Епистима.
Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата од родители незнабошци.
Мајка му на Галактион беше бездетна сè додека не се крсти. Потоа, таа го приведе кон верата и нејзиниот маж и го крсти и воспита како христијанин својот син Галактион. Кога стаса за женидба, неговата добра мајка Левкипија се упокои, а татко му го сврши за некоја девица Епистима.
Галактион никако не сакаше да стапи во брак, па ја посоветува Епистима да се крсти, а потоа и истовремено со него да се замонаши. Се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, а Епистима во женски манастир. И секој од овие двајцата во својот манастир се покажа како вистинско светило.
Први во подвигот, први во молитвата, во смирението и послушанието, први во љубовта. Од манастирот не излегуваа ниту се видоа еден со друг освен пред смртта.
Настана луто гонење на христијаните и тие обајцата беа изведени на суд. Кога Галактион го биеја, Епистима плачеше. Тогаш и нејзе ја избија. Потоа, им ги отсекоа рацете, па нозете, а најпосле и главите. Нивните тела ги зеде Евтолиј и чесно ги закопа.
Овој Евтолиј беше најнапред роб кај родителите на Епистима, а потоа монах заедно со Галактион. Тој го напиша житието на овие прекрасни Христови маченици, коишто пострадаа и примија небесни венци во 253 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Агентот на Нејмар ги демантира најавите за…
Низ медиумите во Бразил, поточно од новинарот…
ДЕНЕСКА Е СВ. МАЧЕНИЦИ ГАЛАКТИОН И ЕПИСТИМА:…
Денеска е 5 ноември, според стар стил,…
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченици…
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Егејска Македонија, во…
На 18 ноември 1874 година во селото…
Бегал од полиција, па фрлил автоматска пушка…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…