ДЕНЕСКА Е СВ. ТИХОН: Татко му беше пекар, кога и да го оставеше во дуќанот, тој им го раздаваше лебот на сиромасите

t

Денеска е 16 јуни (по стар стил) и се слави Свети Tихон, епископ Аматунтски. Именден слават Тихон, Ненад…

Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и голема ревност за Православието.

Во тоа време, сè уште имаше незнабошци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за да ги обрати неверните во верни. И имаше во тоа време голем успех.

По долгите подвизи на лозјето Господово, се пресели во блажената вечност, околу 425 година. Наречен е Чудотворец заради големиот број чуда што ги направи за време на животот.

Татко му беше пекар. Кога и да го оставеше во дуќанот, тој им го раздаваше лебот на сиромасите. Еднаш татко му го укори за тоа. А тој Му се помоли на Бога и житницата им се наполни со жито, така што со мака ја отворија. Другпат, пак, засади суви прачки во лозјето, а од нив зазелене лоза и во свое време донесе плод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демократите ги отфрлија сите сомнежи: Бајден останува…

Извори од врвот на Демократската партија во…

Јован Филовски од партијата Македонска алијанса за…

Нашинците таму сведочат како Бугарија со уцени…

Сали Бериша: Пописот во Албанија со 2,4…

Во Албанија не престануваат реакциите околу пописните…

Калињак: Фицо набрзо ќе се врати на…

Словачкиот премиер Роберт Фицо набрзо ќе се…

ЦИК: Венко Филипче е избран за претседател…

Изјава за медиуми, Викторија Аврамовска – Мадиќ,…