Објавено на:

Денеска лебот се продавал по 33 денари, инспекторите вечерва на терен ја проверуваат и грамажата

t

Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, изјави дека во текот на денешниот ден се извршени 189 надзори на територијата на државата и утврдено е дека цената на лебот што е опфатен со одлуката на Владата е 33 денари, но онаму каде што го има.

„Граѓаните од страна на Државниот пазарен инспекторат се максимално заштитени, а ова го напоменувам затоа што кај некои трговци е констатирано дека на рафтовите нема леб кој е опфатен со одлуката, бел и полубел, цел и сечен леб на парчиња. Но, причината зошто го нема лебот, прво ние не сме надлежни да утврдиме зошто. Второ, дали е зголемена побарувачката од граѓаните кои што денеска очигледно можеби масовно излегоа за да го купат, можеби од стравување дека и повеќе ќе го нема или дека има недоволна снабденост од производителите“, вели Котели за ТОП Тема на телевизија Телма.

Вечрва координирано инспекциите излегоа на повеќе локации низ пекарите во главниот град, се контролираат помалите пекари и призведители на леб. Конкретно предмет на инспекција се производството, цената и грамажата.

Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари и одлуката ќе биде на сила до крајот на мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…