Денеска не очекува изгор жешко време, попладне може да се изненадиме
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од пладневните часови се очекува да има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во текот на денот ќе се движи од 25 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Скопје ќе биде до 36 Целзиусови степени.
За утре од УХМР најавуваат дека времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието попладне ќе се засилува. Температурата утре наутро ќе биде од 13 до 23 Целзиусови степени, а во текот на денот од 25 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот и утре ќе биде 7.
И во Скопје утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се искачи до 35 Целзиусов степен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…