Денеска прво рочиште за Жан Митрев: Судот ѝ ја блокира сметката на клиниката

t

Клиниката „Жан Митрев“ сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд  е донесено решение за определување на предлог-мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.

Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата, која е здравствена организација од јавен интерес.

Клиниката „Жан Митрев“ од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките, информираат оттаму.

Првото рочиште е закажано за денеска со почеток во 09:30 часот во Кривичниот суд во Скопје.

Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

Според обвинителството, се прикривале клучни факти и на тој начин е создадена заблуда кај пациентите, кои се лекувале во болницата

Целта на обвинителството е докажување дека обвинетиот, во случајот Жан Митрев сакал да ги доведе во заблуда за прибавување противправна корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На кого Мицкоски му „набаци“ милионски бизнис…

Со јавно-приватно партнерство ќе се градат монтажни…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…