Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања и Панче
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според најавите, треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
За убиствата се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.
Во обвинението стои дека обвинетите испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето Панче Жежовски од Велес, пак, според обвинението, било да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на Вања.
Обвинетите на почетокот од процесот, кој траеше нецела година, изјавија дека не се чувствуваат виновни, а нивните адвокати тврдеа дека обвинителите не успеале да ја докажат вината и побараа ослободителни пресуди. Обвинителството побара максимална казна, а тоа е доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.
Нецела година траеше првостепената судска постапка, а денеска судијата Ивица Стефановски, ќе ја изрече пресудата за тешките убиства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според…
(Видео) Американскиите напади не ја уништија нуклеарната…
Нападите на американската војска врз три ирански…
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…