Денеска продолжува собраниската расправа за избор на новите министри во Владата

Во Собранието пратениците денеска напладне продолжува дебатата по предлогот за разрешувањето на министрите од редовите на Алтернатива, кои не поднесоа оставки на функциите пред изборот на нови членови на Владата, кои генерално доаѓаат од новиот коалициски партнер Алијанса за Албанците. Седницата вчера беше прекината и ќе продолжи денеска.
Пратеничката Сафије Садики Шаини од Алтернатива, партија која излегува од владината коалиција со оваа реконструкција на Владата, истакна дека тие на вчерашната партиски состанок тие донеле став да дејствуваат како опозиција и оти тоа е завршена тема за нив.
Според неа, министрите и замениците министри од нивната партија не поднеле оставка од две причини – немаат ниту една одговорност за да поднесат оставка и не сакаат да бидат причина и да му ја олеснат работата на еден човек кој, како што рече таа, не знае да се заблагодари, пред една година стана премиер со гласовите на Алтернатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Кој е следен?“ на 29 март пред…
Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота…
Во денови на жалост Владата троши 400…
22 милиони 857 илјади и 961 денари…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…
Радио МОФ објави снимка на која се…
Нема веќе молк, нема повеќе страв –…
Нема веќе молк, нема повеќе страв -…