ДЕНЕСКА СВ. АПОСТОЛИ ОД 70-ТЕ: Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј духовно војуваа, победија и зедоа венци на невенлива слава

t

Денеска е 10 ноември според стар стил и се слават Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј.

Сите беа од Седумдесетте апостоли. Последните тројца се прославуваат и на друг датум, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври.

Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени.

Ераст беше најпрво економ на Црквата во Јерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера.

Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија.

Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостоли…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…

ДЕНЕСКА СВ. АПОСТОЛИ ОД 70-ТЕ: Ераст, Кварт,…

Денеска е 10 ноември според стар стил…

„Бош“ отпушта 5.500 вработени, најмногу од нив…

Повеќе од две третини од отпуштањата, околу…

Орбан го кани Нетанјаху: Дојдете во Унгарија,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе…

Кина ни ги укина визите

Кина најави дека ќе го прошири безвизниот…