Денеска се бира техничката Влада

t

Собранието денеска ќе ја одржи 141. седница со единствена точка на дневниот ред избор на влада на Република Македонија.

Талат Џафери, мандатарот на оваа преодна влада која се формира на сто дена пред изборите за пратеници на 8 мај, вчера ја достави програмата и Предлог-составот на новата влада.

Собранието ја избира владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во Програмата, меѓудругото, мандатарот Џафери наведува дека приоритет на оваа влада ќе бидат успешно организирање на слободни, фер и демократски избори на 24 април и 8 мај, продолжување на сите процеси кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со ЕУ и забрзаната европска интеграција, раст и развој на економијата, пораст на животниот стандард преку зголемување на минималната и просечната плата и пензиите во 2024 година, намалување на инфлацијата, и одржување на ценовната стабилност и на вработеноста, директна поддршка на граѓаните и компаниите во 2024 година, владеење на правото, борбата против криминалот и корупцијата, целосен ред и поредок на државата, продолжување на реформските процеси на сите државни нивоа.

-За таа цел владата врз основа на широкиот меѓупартиски дијалог ќе овозможи ефикасно имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и останатите меѓународни организации со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во процесот во изборната кампања и самите избори, односно да се одржат избори со целосен легалитет, легитимитет и консензуално прифаќање на изборната волја на граѓаните, се посочува во програмата на мандатарот Џафери.

Според Изборниот законик и Законот за Влада, во преодните или технички влади има министри од владејачкото мнозинство и најголемата опозициска партија.

Техничката влада функционира се до избор на нова влада.

Во Предлог – составот на преодната влада што Џафери го достави до Собранието предлага прв заменик премиер на владата и вицепремиер за европски прашања да биде Бојан Маричиќ, додека Артан Груби – министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Панче Тошковски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е предложен за министер за внатрешни работи, како и Ѓоко Велковски за предлог за министер за труд и социјална политика.

На досегашните места остануваат Кренар Лога – министер за правда, Бујар Османи- министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Меџити – министер за здравство, Јетон Шаќири – министер за озбразование, Ристо Пенов – министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура, Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација, Благој Бочварски – министер а транспорт и врски, Каја Шукова – министерка за животна средина и Фатмир Битиќи, министер без ресор задолжен за економски прашања и Славица Грковска, министерка без ресор задолжена за политики за добро владеење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…

Радев го додели третиот мандат: Мала е…

Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…

Владата вели дека не го именувале Ибрахим…

„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…