Денеска се празнуваат Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

t

Сите се од седумдесетмината апостоли. Свети Сила беше испратен од Јерусалим во Антиохија со Павле и Варнава да го решат спорот меѓу верните околу обрезанието, односно дека не треба да се обрезуваат незнабожците кои преминуваат во христијанство (ДАп. 15, 22). По ова, Сила патуваше со Павле по Азија и Македонија и беше поставен за епископ во Коринт, каде мирно се упокои. Силуан им помагаше на двајцата врховни апостоли (1Пт. 5, 12; 2Кор. 1, 19).

Како епископ во Солун се потруди многу и многу претрпе додека не го замени земниот живот со небесниот. Крискент му беше сотрудник на Светиот апостол Павле (2Тим. 4, 10), а потоа епископ во Галија, каде маченички пострада за Христа во времето на Трајан. Свети Епенет, кого го спомнува Светиот апостол Павле (Рим. 16, 5), беше епископ во Картагена. Андроник (Рим. 16, 7), епископ Панонски, се спомнува одделно, на 17 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…

Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…

Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух…

Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден,…

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан…

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие…

Свети Епифаниј, епископ Кипарски Роден како Евреин,…