Денеска се празнуваат Светите маченици Прокл и Илариј
Овие маченици беа родум од Калипта во Азија и Прокл му беше чичко на Илариј. Пострадаа во времето на Трајан. „Од кој род си?“, го праша судијата Прокл. Прокл одговори: „Христос ми е род и надеж и Бог“.
Кога судијата му се закани со маки, Прокл рече: „Кога вие се плашите да ги престапите царските заповеди за да не паднете во краткотрајни маки, колку ли ние христијаните се плашиме да ја престапиме заповедта Божја за да не паднеме во вечни маки!“
Кога го мачеа Прокл, тогаш Илариј му пристапи на судијата и рече: „И јас сум христијанин“. После многу мачења обајцата беа осудени на смрт, и тоа Прокл го распнаа на крст, а на Илариј му ја отсекоа главата со меч. И отидоа обајцата во радоста на Господ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стефан Лазаров со апел за донации за…
Еден од најпознатите македонски водители Зоки Фаци…
Роднина на Вјоса Османи убиен на свадба…
Свадба прерасна во трагедија откако полиција убила…
(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…
Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…
Дел од Општина Центар утре без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа…
Овие 4 хороскопски знаци се родени да…
Астролозите тврдат дека знакот на хороскопот може…