Денеска се празнува Преподобен Гаврил Светогорец

t

Родум од Штип. Вo 1963 година замина на Света Гора. Беше замонашен во манастирот „Свети Павле“. Сето време додека престојуваше на Света Гора избегнуваше контакти со луѓе. Меѓутоа, неговиот престој таму не траеше долго; мораше да се врати во својата родна земја и се насели во Лесновскиот манастир. Никогаш не му даваше одмор на своето тело – речиси никогаш не спиеше, а и кога спиеше, секогаш лежеше на земја или на тврда рогозина. Иако многу строго постеше и беше многу слаб, поседуваше голема виталност и енергија. Редовно ги служеше сите богослужби во манастирот и непрестајно се трудеше во подвигот на умно-срдечната молитва. Тишината и самотијата беа негови постојани сотрудници, затоа и често ги користеше двете ближни пештери. Од Бог доби дар на прозорливост и чудотворство. Во 1989 година беше ракоположен за Епископ со титула Велички. Иако отсекогаш копнееше и прибегнуваше кон тихување, сепак, од послушание го прифати епископскиот чин. Си ја предвиде својата смрт и самиот си отслужи четириесет заупокоени Литургии. На 12 јануари 1990 година, со Евангелието, кое постојано го читаше, и со крстот на гради, а во раката – бројаница, мирно Му ја предаде својата душа на Бога. Беше погребан зад олтарниот дел манастирот, покрај својот телесен татко и духовен син, монах Кирил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Православната Црква утре го празнува споменот на…

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај…

Денеска се празнува Преподобна Макрина

Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и…

За многу години! Денеска се празнува Светата…

Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци.…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ…

Живееше во еден манастир близу градот со…

Денеска се празнува Споменот на шесте Вселенски…

Овој заеднички спомен на првите шест Собори…