Денеска се празнува Преподобна Пелагија
Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна проповедта за Страшниот Суд и казната за грешниците. И овие зборови толку ја потресоа и изменија, што одеднаш се згнаси од себеси, се исплаши од Бога, се покаја за своите нечисти гревови и припадна пред свети Нон со молба да ја крсти. И тој ја крсти. На Крштението ѝ беше кума блажената Романа, ѓаконисата на оваа црква, којашто потоа, како нејзина духовна мајка, добро ја утврди во христијанската вера. Но, Пелагија не беше задоволна само со Крштението. Чувствувајќи ја тежината на своите многубројни гревови и при голема грижа на совеста, се реши на голем подвиг. Своето огромно богатство собрано со грев им го остави на сиромасите и тајно отиде во Јерусалим, каде што под машко име, како монах Пелагиј, се затвори во една келија на Елеонската Гора и почна тежок подвиг на пост, молитва и бдеење. По три години ја посети ѓаконот на свети Нон, Јаков, и ја затекна сè уште жива, но кога по неколку дена повторно ја посети, го најде нејзиното тело мртво и чесно го погреба. Светата Пелагија се упокои околу 461 година
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Преподобна Пелагија
Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во…
METEO: Променливо облачно време со сончеви периоди
Од управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека…
ДИК со официјални резултати: Во 33 општини…
Во вториот круг од локалните избори 2025,…
Четири општини немаа цензус на изборите, ќе…
Државната изборна комисија на вечерната седница соопшти…
Во водата дупка
Покрај сите државни и пред се општествени…