Денеска се празнува Светата маченичка Параскева
Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители, како девојка, почна да им го раздава својот имот на бедните и на болните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка.
Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Откако ја биеја, кнезот ја фрли во затвор каде што ѝ се јави ангел Господов, ја исцели од раните и ја утеши. Со молитва ги урна сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убија со меч.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…