Денеска се празнува Светиот апостол Аристовул

t

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на светиот апостол Варнава. Родно место му е островот Кипар. Следбеник на свети апостол Павел, кој во Посланието до Римјаните и го спомнува (16, 10). Кога великиот Павел поставуваше многубројни епископи за разни краеви на светот, тогаш го постави и Аристовул за епископ британски (англиски). Во она време народите во Британија беа диви, неверни и сурови, а Аристовул од нив претрпе неискажливи маки, беди и пакости. Безмилосно го биеја, го влечеа по улиците, му се подбиваа и го исмеваа. На крајот, со силата на Божествената благодат, овој свет маж постигна успех. Ги просвети овие народи, ги крсти во името на Господ Христос, изгради таму цркви, посвети свештеници и ѓакони и најпосле мирно се упокои во Господа и појде во Неговото Царство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светиот апостол Аристовул

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на светиот…

Денеска се празнуваат Светиот маченик Кодрат Коринтски…

За време на гонењето на христијаните многумина…

Денеска се празнуваат Светите четириесет маченици во…

Сите овие беа војници во римската војска,…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Теодот

Епископ Киринејски, на островот Кипар. Заради неговата…

Денеска се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти…