Денеска се празнува Светиот апостол Кодрат
Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после свети Публиј), а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги симна скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва. Но, темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабошците го замразија свети Кодрат, та по ова го фрлија в затвор и не му даваа леб сè додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130. година. Погребан е во Магнезија, градот во кој го заврши животот маченички.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Светиот апостол Кодрат
Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли.…
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и студено со повремени врнежи…
Биткоинот блиску до нов ценовен рекорд
Цената на Биткоинот денес значително се зголеми,…
Тревога во Минхен: – Германската војска се…
Германската војска ќе помогне во заштитата на…
(Фото+Видео) Силно невреме ја погоди Бугарија: Три…
Еден граѓанин и двајца спасувачи загинаа за…