Денеска се празнува Светиот апостол Тадеј

t

Еден од седумдесетте апостоли, а не оној Тадеј кој беше од Дванаесеттемината. Свети Тадеј прво го виде и го слушна свети Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господa Исусa и Го следеше Него. Господ го вброи помеѓу седумдесетте помали апостоли, кои ги испрати двајца по двајца пред лицето Свое (Лк. 10,1). Пo Своето славно Воскресение и Вознесение, Господ го испрати Тадеј во Едеса, која е родното место на Тадеј, според ветувањето што му го даде на кнезот Авгар кога му ја испрати крпата со Својот лик на неа (откако се избриша). Штом ја целиваше таа крпа Авгар се излечи од лепрата, но не сосема, туку малку лепра му остана на лицето. Кога свети Тадеј му се јави на Авгар, овој го прими со голема радост. Апостолот го поучи во верата и го крсти. Кога излегуваше од водата на Крштението, остатокот од лепрата на неговото лице спадна и тој стана сосем здрав. Кнезот Авгар Го прослави Бога и посака и неговиот народ да Го познае вистинскиот Бог и да Го прослави. И кнезот ги повика сите граѓани на Едеса пред апостолот Тадеј за да ја чујат проповедта за Христа. Откако ги чуја зборовите на апостолот и го видоа кнезот чудесно исцелен, луѓето ги отфрлија идолите и нечистото живеење и ја примија Христовата вера и се крстија. Кнезот Авгар изнесе многу злато и му го понуди на апостолот, но Тадеј му рече: „Кога своето го оставивме, како да го примаме туѓото?“ И тој го проповедаше Евангелието ширум Сирија и Феникија. Се упокои во Господa во градот Вирит Финикиски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Преподобната маченичка Параскева

Родена е во Рим од родители христијани.…

Денеска се празнува Успение на праведна Ана,…

Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува…

Православната Црква утре го празнува споменот на…

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај…

Денеска се празнува Преподобна Макрина

Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и…

За многу години! Денеска се празнува Светата…

Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци.…