Денеска се празнува Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него

t

Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија Палестинска во времето на царот Диоклецијан. Сите седуммина, освен Агапиј, беа сосем млади луѓе, а сè уште не беа христијани. И никогаш не се крстија со вода, но се крстија со крв. Еден ден овие седуммина момчиња гледаа како ги мачат христијаните, едни на оган, други на бесилки, трети пред ѕверови, па гледајќи ги како поднесуваат маки со трпение, се распалија со ревност по Христа, самите себеси си ги врзаа рацете наопаку и така врзани дојдоа пред Урбан велејќи: „И ние сме христијани!“ Залудни беа ласкањата и заканите на Урбан. На овие момчиња им се придружи и угледниот граѓанин Агапиј, кој дотогаш доста страдаше за Христа и почна уште повеќе да ја распалува кај нив верата и љубовта кон Господа. Беа сите убиени со меч во 303 година, кога заминаа во Небесното Царство на Господ Христос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Успение на праведна Ана,…

Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува…

Православната Црква утре го празнува споменот на…

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај…

Денеска се празнува Преподобна Макрина

Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и…

За многу години! Денеска се празнува Светата…

Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци.…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ…

Живееше во еден манастир близу градот со…