Денеска се празнува Светиот маченик Лонгин
Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа. Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги потплатуваа војниците да разгласуваат лажна вест дека божем Господ не воскреснал, туку дека телото Го украле Неговите ученици. Евреите се обидоа да го потплатат и Лонгин, но тој не се даде. Тогаш Евреите решија да го убијат. Кога дозна за ова Лонгин го симна војничкиот појас, се крсти од апостолите заедно со оние двајца другари, и заедно го напуштија Јерусалим. Светиот Лонгин се предаде на пост и молитва и како жив сведок на Воскресението Христово со своето сведоштво обрати мнозина во вистинската вера. Потоа се оддалечи в село на имотот на татко му. Сепак, еврејската злоба ни таму не го остави мирен. Поради клевета од Евреите, Пилат испрати војници да го убијат. Свети Лонгин го проѕре со духот приближувањето на своите џелати, па им излезе во пресрет и ги покани во својот дом не кажувајќи им кој е. Добро нагостени од него тие легнаа да спијат, а свети Лонгин застана на молитва и цела ноќ се подготвуваше за смрт. Во зората отиде и ги доведе своите двајца другари, се облече во бели погребни облеки. Тогаш им се јави на војниците и им кажа дека тој е Лонгин. Војниците се збунија и се засрамија и не ни мислеа да го убијат, но тој почна да ги присилува да ја извршат заповедта на својот старешина. И тогаш ги убија Лонгин и неговите двајца другари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Светиот маченик Лонгин
Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на…
МЕТЕО: Видете какво ќе биде времето денес
Од управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека…
(Видео) Протест пред парламентот на Црна Гора,…
Со скандирања „Не сакаме мигранти“ и „Турците…
Лажни се дојавите за бомби во 45…
По заканите за наводно поставени бомби во…
Хаким оди по Вардар – Касами за…
„Треба да се обединиме околу заедничките визии…