Денеска се празнува Светиот пророк Авдиј
Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеше во дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдиј не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдиј собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдиј многу го почитуваше Илија и го слушаше во сè како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Светиот пророк Авдиј
Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски.…
Метео: Еве какво ќе биде времето денес
Од УХМР известуваат дека денеска времето ќе…
Путин: Освојувањето на Покровск ќе ѝ овозможи…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека заземањето…
Радев по ескалацијата на протестите во Бугарија:…
Протестот во Софија против буџетот за 2026…
(Видео) „Не си го бркајте народот“ –…
Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на…