Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј
Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш го остави својот дом и тргна по Илија. А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, Елисеј остана и ја продолжи пророчката служба со поголема сила и од онаа на Илија. Според чистотата и ревноста им беше рамен на најголемите пророци, а според чудотворната сила што му ја даде Бог, ги надмина сите. Ја раздвои водата на Јордан како некогаш Мојсеј Црвеното Море; горчливата вода во Јерихон ја направи питка; изведе вода во ископаните ровови за време на војната со Моавците; умножи масло во садовите на бедната вдовица; го воскресна умрениот син на жената Сонамка; со дваесет лепчиња нахрани сто луѓе; го исцели од лепра војводата Нееман, спушти лепра на својот слуга Гиезиј заради неговото среброљубие; ослепи цела една војска сириска, а друга пак ја втурна во бегство; му претскажа многу настани на народот и на поединци. Се претстави пред Господа во длабока старост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј
Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ…
Денеска се празнува Свети Кирил, архиепископ Александриски
По потекло благородник и близок роднина на…
Денеска се празнува Пренос на моштите на…
Се празнува на 8 февруари и под…
Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…
Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…
Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух…
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден,…