Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Картериј

t

Свети Картериј живееше во времето кога царуваше императорот Диоклецијан. Тој беше свештеник и учител на христовата вера во Кесарија Кападокиска, во времето на управувањето на прокураторот Урван. Тој изгради храм Божји, собра околу себе многубројна паства која ја поучуваше да го почитува Христа со Отецот и Светиот Дух како Единствен вистинит Бог. Ревносниот служител Христов беше наклеветен пред прокураторот, и затоа се сокри. Светителот се исполни со голема радост, Му заблагодари на Господа и го извести прокураторот каде живее, па го фатија и го ставија во затвор. Кога беше изведен пред прокураторот, му беше наредено да принесе жртва пред Серапис. Но, по молитвата на светителот, статуата на лажниот бог се сруши на земја. Тогаш, по заповед на прокураторот, 16 војници почнаа да го бијат со палки исповедникот Христов, откако четворица од нив го легнаа на земја. Потоа, мачителите го обесија светиот Картериј на дрво и му ги извадија ноктите на рацете и нозете, а телото му го растргнуваа со железни куки. Но, на маченикот му се јави Ангел Господов и му ги излекува раните, па тој остана неповреден по сите тие тешки измачувања. Мачителот заповеда да го симнат од дрво, да му ги прободат стапалата со железни прачки и да му стават на градите вжештено железо и да го седнат на вжештена железна столица, а со прачките да му ги истегнуваат нозете. После тие тешки мачења, маченикот беше фрлен во затворот. Вечерта му се јави Господ Исус Христос, го исцели и го ослободи од веригите и го изведе од затворот. Кога луѓето го видоа маченикот исцелен од сите тешки рани кои му беа нанесени, поверуваа во Бога и почнаа да се крстат, добивајќи истовремено исцелување од болестите од кои страдаа. Мачителите повторно го фатија Картериј и повторно го измачуваа. На крај, го фрлија во оган, но маченикот пеејќи благодарствени песни излезе неповреден од огнот. Од раната на светиот маченик излезе голема количина вода, а потоа и крв и маченикот Христов Му ја предаде на Бога својата света душа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…

Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…

Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух…

Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден,…

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан…

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие…

Свети Епифаниј, епископ Кипарски Роден како Евреин,…