Денеска се празнува Свети апостол Јаков, брат Господов

t

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. Од самиот почеток Му беше приврзан на Господ Исус. Штом ја чу Христовата наука, Јаков почна да живее според неа. За него се вели дека целиот живот не јадел маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода. Беше девственик до крајот на животот. Многу бдееше ноќе и Му се молеше на Бога. Господ го вброи во Своите Седумдесет апостоли. По воскресението на Господ Исус, Он нему му се јави посебно, како што сведочи светиот апостол Павле. Беше епископ во Јерусалим триесет години и ревносно управуваше со Божјата Црква. По указ на Господа, ја состави првата Литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа ја скратуваа прво свети Василиј Велики, па потоа и свети Јован Златоуст. Многумина Евреи и Елини свети Јаков ги обрати во верата Христова. И самите неверни Евреи ѝ се восхитуваа на неговата праведност и го нарекуваа Јаков Праведниот. Но, кога дојде за првосвештеник Анан, тој со другите еврејски старешини намисли да го убие Јаков. На празникот Пасха, му рекоа старешините да се качи на покривот од храмот и оттаму да говори против Христа. Свети Јаков се качи и почна да му зборува на народот за Христа како за Син Божји и вистински Месија. Разјарени свештениците го турнаа од покривот и тој падна и се повреди многу. Потоа притрча еден од евреите и го удри по главата толку силно, што му го истури мозокот. И така сврши со маченичка смрт овој преславен Христов апостол и се пресели во царството на својот Господ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Свети апостол Јаков, брат…

Се нарекува брат Господов затоа што му…

METEO: Променливо облачно време со сончеви периоди

Од управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека…

Дрон забележан на аеродромот во Брисел, сообраќајот…

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Брисел вечерва…

Евроамбасадорот Рокас во Собранието го презентира извештајот…

На затворена седница во Собранието евроамбасадорот Михалис…

Најмалку седум мртви во пожар во Пензионерски…

Во пожарот што вечерва зафати еден кат…