Денеска се празнува Свети Климент, архиепископ Охридски
Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, каде му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид, свети Климент му подигна црква на свети Пантелејмон. Имаше голем број ученици кои ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше свети Наум. Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. По големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година. Неговите чудотворни мошти долги години почиваа во некогашниот храм на Пресвета Богородица, кој подоцна се нарече и свети Климент, а во 2002 година беа пренесени во обновената црква на Плаошник каде што почиваат денес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Свети Климент, архиепископ Охридски
Ученик на Светите Методиј и Кирил. По…
МЕТЕО: Променливо облачно време со сончеви периоди
Утрово од УХМР известуваат дека денеска времето…
Русите драстично намалиле со алкохолот, тоа им…
По децении на прекумернo пиење алкохол во…
ПЕТ МОЛОТОВИ КОKТЕЛИ ФРЛЕНИ ВРЗ ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА…
Вечерва, непознати лица ја нападнаа полициската станица…
Кочанчанец удрил пешак во Струмица
Вчера во 12:00 часот во Полициската станица…