Денеска се празнува Сиропустна недела – прочка
Во овој ден твориме спомен на изгонувањето од рајот на првосоздадениот Адам, заради храна, како што устроија божествените свети отци, пред самиот почеток на светата Четириесетница. Бидејќи со тоа се покажува дека постот е лекарство полезно за човечката природа, додека лакомството и непослушанието се гнасни. Оставајќи ги безбројните примери на овие пороци во светот, светите отци укажуваат жив пример во првосоздадениот Адам кој претрпе голема штета во неговиот целосен пад кој донесе штета за нашата природа. Тој не ја одржа првата заповед за полезниот пост којашто Господ ја даде за човештвото, туку им се покори на желбите на стомакот и на змијата, преку Ева, и не само што не стана бог, туку ја воведе смртта, донесувајќи погуба за целиот наш род. Заради неумереноста на Адама, нашиот Господ постеше четириесет дена и беше послушен. Заради оваа причина, светите апостоли го зачнаа овој сегашен четириесетодневен пост, та како што Адам ја загуби нетрулежноста преку неумереност, ние да можеме да ја здобиеме преку воздржание. Она што Адам го погреши и не го достигна – обожението, тоа ние ќе го здобиеме, ридајќи и постејќи и смирувајќи се, додека Бог не нè посети, бидејќи без тие нешта е невозможно да го примиме она што сме го загубиле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Свети Спиридон Чудотворец
Место на раѓањето и на службата на…
Денеска се празнува Преподобен Даниил Столпник
Роден е во селото Витара кај градот…
Денеска се празнуваат Светите маченици Мина, Ермоген…
Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата…
Денеска се празнува Преподобен Патапиј
Роден е и воспитан во верата и…
Денеска се празнува Свети Амвросиј, епископ Медиолански
Овој голем Свет отец на православната Црква…