Денеска се слави Свети Василиј Острошки

t

Денеска православните христијани го слават денот во чест на Свети Василиј Острошки!

За овој светец има многу верувања, но едно е сигурно: кој ќе се обрати за помош кај Свети Василиј Острошки, тој помош добива!

Тој се смета за еден од најголемите светци, а народот верува дека над неговото тело, кое почива во Острог, се случуваат разни чуда.

За овој светец има легенди уште од античко време, па се вели дека Свети Василиј во текот на животот повеќе личел на ангел отколку на човек, како и дека го подигнал својот дух и го овековечил своето тело.

Постои верување дека оние кои ќе се заветат дека ќе одат во манастирот Острог на Духовден на Василиј, нивната болест или болеста на некој од нивните најблиски ќе бидат „однесени од рака“. А сите што барале помош од овој светител биле во строг пост додека не заминат во Острог на Троица или Педесетница и таму не се причестат.

Според верувањето дека на овој голем празник и црвената буква во црковниот календар не се извршуваат пагански обичаи или ритуали. На празникот Свети Василиј единствено што треба да направат верниците е искрено да му се помолат на чудотворецот, а се верувало дека секоја желба од длабочината на срцето ќе му биде исполнета на тој што е искрен.

Има работи земни и работи небесни. Некаде овие две се сретнуваат и си подаваат рака едни со други, огреани на лицата на оние кои вистински веруваат и ја прифаќаат волјата Негова.

Едно од овие ретки места секако е духовното светилиште изградено во чест на свети Василиј Острошки, високо на карпите на излез од Даниловград во Црна Гора. Се смета за едно од најсветите места на Балканот и претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си. Самиот пат и пристапот до ова свето место е вистински подвиг и предизвик. Патешествието води низ густата шума е полно со остри кривини од каде се наѕира Горниот и има прекрасна глетка кон Долниот манастир. Поподготвените и физички посилните можат да го поминат патот и пеш, загледани во убавината која се надвиснува над нив.

Во Горниот манастир има две пештерни цркви. Во едната лежат моштите на свети Василиј, а другиот храм бил место каде што служел светецот. Таму нема живеалишта за монасите. Тие се сместени во Долниот манастир. Меѓу нив се наоѓаат неколку цркви.

Верниците се поклонуваат пред моштите на светецот. Го допираат платното со кое се покриени. Сето тоа се прави тивко и со најголема почит. Носат предмети од најблиските за здравје и среќа. Монахот што постојано е покрај нив вели дека моштите се откриваат само во одредени денови, за време на големите празници.

Нема посетител што не ја допрел гранатата што стои закотвена во карпестите ѕидови на Горниот манастир во Острог. Сите внимаваат на неа. Ја чуваат како најголем експонат од Втората светска војна. Се верува дека токму силата на свети Василиј не дозволила гранатата да експлодира и да ја оштети црквата на Чесниот крст.

– Во февруари 1942 година, кога Германците го гранатирале манастирот, една бомба паднала директно во црквата. За чудо, не експлодирала, раскажуваат монасите.

Подоцна со стручни анализи е утврдено дека гранатата била технички исправна и како таква требало да експлодира. Интересен е податокот дека во црквата се чуваат и оковите на, како што ја нарекуваат монасите, една чесна жена, која била муслиманка.

Свети Василиј се родил во селото Мркоњиќ, Попово Поле во хумската земја, денешна Херцеговина, на 28-ми декември 1610 година. Уште како дете се одликувал со бистар ум, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужби. Некои соседи, потурчени Срби, ги замразиле неговите родители и тоа го пренеле и врз нивното дете. За да го заштитат од непријателите, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен „Завала“, посветен на Воведение на пресвета Богородица. Таму првпат кај него се јавува желбата за замонашување. Потоа заминал во манастирот „Успение на пресвета Богородица“ во Тврдош, во требињскиот крај, кој бил седиште на истоимената епархија.

Од тоа место управувал со својата митрополија цели петнаесет години. На крајот отишол во Острошкиот манастир, каде што се упокоил мирно, без болки на 29-ти април 1671 година. Во часот на неговото претставување пред Бога, неговата ќелија заблескала со светлост, а од карпата покрај која се упокоил израснала винова лоза, иако во карпата немало нималку земја и се наоѓала на 900 метри надморска височина. Неговото тело било погребaно под храмот посветен на светото воведение на Mајката Bожја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…