Денес во Собрание предлогот на Левица за минимална плата од 500 евра
Денес пред пратениците во Собранието ќе се најдат два исклучително важни Предлог-закони поднесени од пратеничката група на Левица за кои сметаме дека се од круцијално значење за работничката класа и за достоинството на државата: Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 30.000 денари и Предлог-законот за формирање Инспекторат за државни инсигнии.
Зголемувањето на минималната плата на 30.000 денари, со примена од јули 2025 година, е неопходен чекор во услови кога граѓаните се гушат во инфлација, несигурност и економска беда. Овој предлог е изготвен во согласност со оправданите барања на ССМ и претставува директен одговор на катастрофалната економска реалност која дополнително ќе се продлабочи со најголемото задолжување во историјата на државата од над шест милијарди евра кога Владата неминовно ќе посегне кон мерки за штедење на грбот на сиромашните.
Минималната плата од 24.000 денари веќе одамна не е доволна за покривање ни на основните животни трошоци. Нашите сограѓани бројат денари и денови во борба за преживување. Овој Предлог-закон е неопходен чекор за да се заштити егзистенцијата на илјадници семејства.
Истовремено, на денешната собраниска седница ќе се разгледува и Предлог-законот за формирање на Инспекторат за државни инсигнии – закон кој има за цел конечно да воспостави механизам за спроведување на постоечките закони за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Повеќе од 27 години овие закони постојат само на хартија без институција што ќе врши надзор или ќе изрекува казни за прекршување на одредбите. Секојдневно сме сведоци на грубо непочитување, злоупотреба и навредливо изложување на државните симболи без никакви последици. Ако ваквото однесување не почне итно и доследно да се санкционира, достоинството на државата ќе продолжи да се поткопува и ќе остане само апстрактен поим без реална вредност и заштита.
Со овој Закон, предвидено е формирање на Инспекторат во рамки на Министерството за правда, со овластувања да постапува не само кон институциите, туку и кон правни и физички лица. Конечно, граѓаните ќе имаат каде да се обратат и ќе постои орган што ќе постапува по непочитување на државните симболи. Законот не менува ничии права, туку гарантира нивно спроведување и доследна примена.
Во таа насока, Левица упатува отворен повик до сите парламентарни партии да покажат државничка одговорност и да ги поддржат овие реални и конструктивни предлози. Ова не се партиски иницијативи, туку закони во интерес на народот и државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…