Денес е мал Велигден: На една недела по најголемиот празник се слави Томина недела
Во недела е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.
Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.
Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Преподобен Даниил Столпник
Роден е во селото Витара кај градот…
Денеска се празнуваат Светите маченици Мина, Ермоген…
Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата…
Денеска се празнува Преподобен Патапиј
Роден е и воспитан во верата и…
Денеска се празнува Свети Амвросиј, епископ Медиолански
Овој голем Свет отец на православната Црква…
Денеска се празнува Светиот пророк Софониј
Родум од гората Саварат, од племето Симеоново.…