Денес е спомен на Светиот Цар Јустинијан

t

По потекло е од околината на Скопје. Словенското име му е Управда. Го наследи на престолот својот чичко Јустин. Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Веруваше и живееше според верата. За време на Чесниот Пост не јадеше леб и не пиеше вино, а се хранеше со зелје и пиеше вода секој втор ден.

Завојува со дунавските варвари само затоа што ги кастрираа заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Имаше среќа и успех и во војните и во работата. Изгради голем број прекрасни храмови, од кои најубав меѓу најубавите е Света Софија во Цариград. Ги собра и ги издаде римските закони. Самиот издаваше многу строги закони против неморал и распуштеност.

Ја состави црковната песна „Единородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почна да се пее на Литургија. Го свика Петтиот Вселенски Собор во 553 година. Се упокои мирно, на 14 ноември 565 година, во осумдесеттата година од својот живот и се пресели во Царството на небесниот Цар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес е строг Божиќен пост и сеќавање…

Oд градот Анкира Галатиска. Роден и воспитан…

Денес се сеќаваме на Светите маченици Гуриј,…

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани.…

Денес е спомен на Светиот Цар Јустинијан

По потекло е од околината на Скопје.…

Православен календар: Денес е сеќавање на мачењето…

Грузија, која е просветлена во христијанската вера…