ДЕНЕС Е ЦВЕТНИЦИ: Празник на последното влегување на Исус во Ерусалим
Се означува почетокот на најтешката седмица во историјата на човештвото!
Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител.
Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици.
Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови гранчиња во рацете. Значи, ги слекуваа облеките од себе постилајќи ги пред Него и во восхит возвикнуваа вдахновено: Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев!
Дури и некои од дојдените Елини на поклонение за Пасха пристапија и молеа да Го видат. Единствено свештенството и фарисеите се озлобија готвејќи се да Го погубат брзо, а мислеа да го убијат и Лазар кој сведочеше за Неговата сила и за Неговото Божество.
Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал.
Саботата пред Цветници се вика Лазарова Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За многу години: Денеска се празнува Влегувањето…
Кога Царот, седејќи на осле, влегол во…
ДЕНЕС Е ЦВЕТНИЦИ: Празник на последното влегување…
Се означува почетокот на најтешката седмица во…