Денес се празнуваат Светите маченици Ермил и Стратоник
Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните. Светиот Ермил, христијанин и ѓакон при една црква, го фатија и го изведоа на суд. Кога му кажаа дека го водат на мачење, тој многу се израдува. Залудно му се закануваше царот, Ермил слободно ја исповедаше својата вера во Христа и на заканите му одговори: „Господ ми е помошник, од кого да се бојам, што може да ми направи човек?“ (Пс. 117, 6). После тешки мачења, Ермил го фрлија во затвор. А чувар му беше Стратоник, потаен христијанин, којшто со сето срце сострадуваше со Ермил. Кога и Стратоник го издадоа пред царот дека е христијанин, царот пресуди обајцата да се потопат во Дунав. После три дена нивните тела водата ги исфрли на брегот и христијаните ги најдоа и ги погребаа на осумнаесет стадии далечина од Белград. Овие славни маченици пострадаа за Христа и се прославија во 315 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…
Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…
Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух…
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден,…
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан…
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие…
Свети Епифаниј, епископ Кипарски Роден како Евреин,…