Верски календар: Денес се празнува Преподобен Мартинијан

Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што сѐ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди. Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија.
Кога дојде да го искушува една жена, а тој виде дека има опасност да падне во грев со неа, скокна бос во оган и стоеше внатре додека болката не му навре солзи на очите и не уби во него секаква похот. Кога надојдоа други искушенија тој побегна на една осамена карпа сред морето и таму живееше. Но, кога при еден бродолом и на оваа карпа доплива една жена, тој скокна во морето за да се удави, но го дочека еден делфин и по Божја Промисла го изнесе на грб на брегот.
Тогаш реши повеќе никаде да не се населува трајно, а постојано да патува. Така, за две години измина сто шеесет и четири града, исправајќи ги и советувајќи ги луѓето. Најпосле пристигна во Атина, и таму се упокои, во 422 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнуваат Светиот маченик Кодрат Коринтски…
За време на гонењето на христијаните многумина…
Денеска се празнуваат Светите четириесет маченици во…
Сите овие беа војници во римската војска,…
Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Теодот
Епископ Киринејски, на островот Кипар. Заради неговата…
Денеска се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски
Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти…
Денеска се празнува Наоѓање на главата на…
Великиот и славен Крстител Јован беше убиен…