Денес се празнува Преподобниот маченик Дометиј
Роден е во Персија како незнабожец, во времето на царот Константин. Како момче се запозна со верата Христова, го остави незнабоштвото и се крсти. Толку ја засака вистинската вера, што напушти сè светско и се замонаши во еден манастир кај градот Нисивија.
Во братството поживеа некое време, па се оддалечи на безмолвие кај некој архимандрит Нурвел, за кого се вели дека шеесет години не јадел ништо варено. Старецот Нурвел го ракоположи за ѓакон, а кога сакаше да го принуди и во чин на свештеник, Дометиј побегна во некоја пустинска гора и се насели во една пештера.
Достигна толкаво совршенство низ постот, молитвата, бдението и богомислието, што исцелуваше болни. Кога во тие предели дојде Јулијан Отстапник, слушна за Дометиј, па испрати луѓе коишто го заѕидаа жив во пештерата заедно со неговите двајца ученици. Така заврши овој Божји светител, во 363 година, и се пресели во Божјото Царство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Премиерот излегува ти кажува сме станале новиот…
Андреј Жерновски вели дека според Евростат, последни…
Министерката за финансии му се закани на…
Како и на генералните седници за пратенички…
Како до сега: Штрајк на контролорите на…
индикатот на контролорите на летање на Македонија…
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…