Денес се празнува Светата маченичка Татјана
Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал, во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуа на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба.
Кога ја изведоа девицата Татјана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им се отворија очите и видоа околу маченичката четири ангели. Кога го видоа тоа, осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и самите беа мачени и убиени. Светата Татјана продолжија да ја мачат: ја биеја, ѝ отсекуваа месо, ја стружеа со железо и целата накажана и ранета ја фрлија вечерта во затворот за утредента повторно да ја стават на маки. Но, Бог ги испрати Своите ангели во затворот за да ја охрабрат и да ѝ ги исцелат раните, па Татјана изутрината се јави пред мачителите наполно здрава. Ја фрлија пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа и воопшто не ѝ наштети. Ѝ ја отсекоа косата, мислејќи според нивниот незнабожечки ум, дека во косата ѝ е скриена некоја магија или волшебна сила. Најпосле ја изведоа заедно со татко ѝ и обајцата ги убија со меч. Така во 225 година го заврши животот оваа славна девица со тело на жена, а со мажествен дух.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повреден скопјанец: Погоден е од куршум додека…
На 08.08.2024 во 22:51 часот во Полициската…
Мисајловски за Инфомакс: Министерството за одбрана најостро…
Инфомакс побара коментар од министерот за одбрана,…
(Документ) Mицкоски свитка опавчето пред амбасадорите: Македонија…
Документот за обврските што ги презеде Македонија,…
Руската армија ја зазеде Сергеевка
Руската армија ја зазеде Сергеевка во ДНР,…
Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорката…
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…