Денес се празнува Светиот пророк Наум
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија.
Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…
Поворката со посмртните останки на загинатите од…
Календар на МПЦ: Денеска се празнуваат овие…
Свети великомаченик Георгиј На овој ден се…
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…
Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…
Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…
Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…